Спиењето со отворен прозорец помага за дијабетес

од Vladimir Zorba

Проветрувањето на просторијата помага да се избегнат болестите како дијабетес II и дебелината. Ова го изјави ендокринолог од Оксфордскиот универзитет Ешли Гросман. Тој го има донесено овој заклучок врз основа на истражувања за влијанието на глобалното затоплување врз човековото здравје, објавено во списанието BMJ Open Diabetes Research & Care.

Зголемувањето на просечната температура со 1 степен Целзиусови може да предизвика илјади нови случаи на дијабетес. Ова се објаснува со фактот дека за време на горештините човечкиот организам престанува да топи калории за одржување на топлина, како резултат на што се зголемува чувствителноста на инсулин и се качуваат килограми.

Поради оваа причина Ешли Гросман советува да спиеме на отворен прозорец. Така можеме значително да го намалиме ризикот од шеќерна болест.

Слични содржини