Данскиот моден магазин “Cover” предизвика лавина од негативни критики, откако објави фотографии на нездраво слаба манекенка. Многу од читателите ја нарекоа сликата “реклама за анорексија”.20150226.cpbaxsoksw

Острите коментари и дискусии ја принудија главната уредничка на изданието да се извини јавно за својата грешка. Во своето писмо до читателите Мелани Малинг признава дека искрено жали што дозволила слична слика да излезе.

“Во сите овие години работиме за да го промениме идеалот за убавина, да покажеме дека жена може да биде привлечна, без разлика на возраста и килограмите. Секогаш се стремиме да ги мотивираме девојките да бидат здрави “, објасни уредничката.

Слични содржини