Советот на општина Гази Баба донесе Одлуки за подигање спомен обележја на Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ, загинати припадници на македонската полиција во антитерористичката акција во кумановската Дива населба на 9 и 10 мај 2015 година. Тие беа жители на општина Гази Баба.

divo-naselje-policajci-640x360

Спомен обележјето на Бобан Ивановиќ роден 1968 година ќе биде поставено во село Стајковци на плоштадот до Месната заедница, додека спомен обележјето на Горан Стојменовиќ роден 1970 година ќе биде поставено во населба Инџиково.

Во полициската акција во Дива населба загинаа осум припадници на македонската полиција/МИА

Слични содржини