Србија ги повлече сите дипломати од амбасадата во Скопје на консултации во Белград

од Vladimir Zorba

Целиот персонал на абасадата на Р. Србија во Скопје е повикан на итни консултации во Белград, пренесуваат  повеќе македонски медиуми.

Ова го пишува во нотата  на  српското МНР кое ја пратило до македонските колеги, но во нотата не биле наведени причините за овој чин.

Од МВР потврдија дека  се презема мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на зградата на Амбасадата на Србија во Скопје.

Од  МНР на Република Македонија  вечерва соопштија дека не се запознаени со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка.

Слични содржини