Српските власти во петокот изјавија дека ќе одбијат да  екстрадираат луѓе, и бараат спроведување на законот во Франција, ако властите во Париз не го предадат поранешниот премиер на Косово и УЧК командант Рамуш Харадинај, кого Белград го обвинува за извршени воени злосторства, соопшти радио Radio Free Europe.

Француската полиција го  уапси Харадинај на 4 јануари, постапувајќи по потерница од Србија, која сака да го испраша за кривични дела поврзани со војната 1998-1999 година во поранешната нејзина покраина Косово.

Францускиот апелационен суд оваа недела  го ослободи од притвор Харадинај и пресуди тој да остане во Франција, додека биде разгледано барањето за екстрадиција од страната на Белград .