Србија па Македонија со најмногу злато во регионот

од desk3

Oд 100 земји колку што се на листата, од земјите на Западен Балкан Србија има најмногу злато. Веднаш зад неа е Македонија па следат  Словенија, Босна и Херцеговина и Албанија. .

 

Светскиот совет за злато објави нова листа на земји кои имаат најголеми резерви на злато, а според неа Србија  (63. mjesto со 18,8 тони злато) има убедливо најмноу злато кога се во прашање државите од Западен Балкан. 

Oд 100 земји колку што се на листата, по Србија, следат Македонија (77 место со 6,9 тони), Словенија (88 месо со 3,2 тони), Босна и Херцеговина  (91 место со три тони) и Албанија (98 место со 1,6 тони).

Листата ја предводат Соединетите Американски држави со (8.133,5 тони злато), Германија (3.377,9  тони злато) i Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со  2.814,0 тони злато.

На листата, која се заснова на податоците на ММФ, не се наоѓаат земјите кои последните шест месеци не доставиле нови бројки, како ни оние кои податоците не ги објавуваат јавно, па на оваа листа ги нема Хрватска и Црна Гора.

На последното место од 100 земји се наоѓа Монголија со (1,5 тони злато).

Овде се поставува логично прашање, како тоа да земјите од Западниот Балкан во кои економијата не цвета се наоѓаат на листата на 100 земји со најмногу резерви на злато.

Слични содржини