Листата на некогашни државни функционери кои ги чува службено обезбедување е скратена, па така денес придружба имаат само неколку луѓе од поранешните владеачки гарнитури. На тој список се Борис Тадиќ, Вук Драшковиќ, како и Чедомир Јовановиќ.

Boris-Tadic-leaves-the-DS-party

Лидерот на ЛДП пред неколку дена, лут затоа што во јаноста повторно се отворило прашање за службена заштита која со години ја има, и што е критикуван дека на приватниот автомобил користи ротација, порача дека не сака веќе полициско обезбедување покрај себе.

download (4)
Но, како што објавува Новости.рс Јовановиќ не може самоиницијативно да и даде „слободно“ на придружбата. Како што му е доделена врз основа на проценка на безбедносните служби, така само врз основа на анализи може и да биде укината. Тоа практично значи дека Јовановиќ ќе го чуваат, макар и на дискретна раздалечина, се додека МУП и БИА не проценат дека од заштитата нема потреба.

cedomir-jovanovic-foto-milena-djordjevic-1-620x350

Тадиќ добил обезбедување не добил на основа на функциијата шеф на државата,туку врз основа на безбедносни проценки на службите.

Од истите причини, придружба има и Вук Драшковиќ кој беше шеф на дипломатијата и кого со години службено го чуваат.

Од друга страна обезбедување нема екс премиерот Воислав Коштуница, како ни поранешните претседатели на Парламентот на Србија Оливер Дулиќ и Славица Ѓукиќ Дејанови.
Според неофицијални информации на весникот, државно обезбедување во моментов во Србија има околу 50 луѓе.

Слични содржини