Србин ограбен кога застанал со возилото на патот Кавадарци-Росоман – му дошле со нож и шрафцигер

од desk2

Во полициската станица Кавадарци В.Ѕ.Т. (24) од Република Србија вчера во 17 часот пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз него.

Тој застанал со своето возило на патот Кавадарци – Росоман и кога излегол од возилото му се доближиле лицата и со закана со нож и шрафцигер од торбата му одзеле 415 евра и 2.500 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини