Србите и Босанците најмногу жалат по Југославија, Македонците помалку. За распадот најсреќни Косоварите

од desk3

 

Граѓаните на Србија и на Босна и Херцеговина најмногу жалат поради распадот на Југославија, покажале денешните резултатите од најновото истражување на агенцијата Галуп.   

По насилните протести во Македонија, Галуп објави истражување за распололжението на граѓаните од регионот, односно како гледаат на распаѓањео на бившата поранешна држава. Резуллтатите, тврди Галуп, покажале дека југоносталгијата е распространета во поширокиот регион каде големиот број на испитаници сметаат  дека распадот на државата донел повеќе штета отколку корист.

Во Србија 81 проценти од испитаниците  на прашањето „Дали распадот на Југославија и донесе повеќе штета отколу корист на државата, одговориле со ДА, Висок е процентот на разочарани и во  БиХ.  Во оваа држава е 77 проценти  од испитаницит  одговориле дека повеќе ја сакаат Југославија. Во Црна Гора 65 посто, во Македонија 61 проценти.

Од друга страна  41 процент од граѓанте на Словенија  и 55  на Хрваска сметаат дека распадот на Југославија им донел повеќе корист. Според истражувањата најсреќни се граѓаните на Косово.  Дури 75 проценти од испитаниците во Косово на распадот на Југославија гледаат позитивно.
Испитувањето покажало дека најмногу по Југослаивја жалат  граѓаните постари од 56 години, додека овој број е далеку помал кај помладите.

Слични содржини