Србија ги спореди наметнатите од Хрватска ограничувања на српско-хрватската граница со расистичките закони наметнати од нацистичката марионетска држава во Загреб во Втората светска војна, јави “Ројтерс”.

Хрватска забрани возила со српски регистарски да влегуваат во Србија, а српските граѓани беа исто вратени од главните гранични премини.

“По својот дискриминативен карактер, овие ограничувања може да се спореди само со мерките преземени во минатото, за време на фашистичката Независна Хрватска”, изјави српското МНР во мислење, кое упатува кон прокламираната нацистичка држава во Хрватска во 1941 година

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ, изјави претходно дека забраната нема да се применува за граѓани со српски пасоши, туку само за српски возила. Остојиќ беше цитиран од хрватските медиуми дека ограничувањата ќе продолжат да се активни, додека Србија не пренасочи дел од имигрантските поток кон Унгарија.zx450y250_2615435

Србија и Хрватска меѓусебно ги затворија своите граници за товарни и некои граѓански транспортни средства доцна во ноќта спроти четврток, додека Белград и Загреб разменија меѓусебните обвинувања поради приливот на имигранти.

Причината за започнувањето на “трговска војна” беше затворањето на некои гранични премини од страна на Хрватска порано минатата недела поради големиот број бегалци, дојдени на нејзината територија од Србија.

Српските власти гарантираа дека граѓани од Хрватска ќе можат да се движат непречено.

“Не се радуваме дека ги наметнуваме овие мерки, но треба да ги заштитиме националните интереси”, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Во меѓувреме, српскиот премиер Александар Вучиќ во писмо до Брисел се пожали дека Хрватска ја нарушила Спогодбата за стабилизација и асоцијација потпишан помеѓу ЕУ и Белград за слободно движење на стоки, пренесоа Balkan Insight.

Во меѓувреме, високи претставници на ЕУ се обидуваат да ги убедат двете страни да ги отворат границите – Јоханес Хан повика проблемот да се реши во “човечки начин” и предупреди дека сегашната ситуација ќе има негативен ефект врз економијата на регионот.

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ ги смири партнери дека “треба да биде јасно, нема да има насилство и војна”.

Слични содржини