Претседателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор постигнаа денеска во Загреб согласност дека сите држави на балканската миграциска рута треба да се договорат за пропустливоста на границите и преземање мерки за избегнување на инцидентите, кои би ја нарушиле безбедноста и нивните добрососедски односи, јави Хина.

kolinda-grabar-kitarovic-i-borut-pahor-91dd651d67786dad2651b3ae5f9b4230_view_article_new

Словенија почна вчера да поставува бодликава жица на границата со Хрватска, сметајќи дека соседната земја може да продолжи да ги пушта мигрантите да преминуваат преку необезбедуваните премини на границата.

Меѓу двете земји се појави спор по тврдењата на Хрватска дека дел од оградата е поставена на нејзина територија.

– Пропустливоста на границите треба да се реализира на начин кој нема да претставува закана за безбедноста на државите и нивните соседи, нагласи Пахор на заедничката прес-конференција со Грабар Китаровиќ.

Хрватската претседателка додаде дека двете земји не треба да дозволуваат никакви инциденти, кои ќе ги нарушат нивните добри односи.

Двајцата претседатели не го коментираат поставувањето на оградата, а на новинарите не им беше дозволено да поставуваат прашања.

Слични содржини