PES K_03

Во рамки на Конгресот на ПЕС кој се одржува во Будимпешта, Унгарија, претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска остварија средба и со премиерот на Шведска Стефан Лофвен.

Како што соопшти СДСМ, на средбата се разговараше за актуелната состојба во Република Македонија и можностите за продолжување на разговорите за решавање на политичката криза во земјава преку преговори.

Претседателот Зоран Заев ги истакна принципиелните позиции на СДСМ и предлозите „Република Македонија да ги врати демократските вредности, во интерес на граѓаните и иднината на државата“, за што постои целосно разбирање и силна поддршка од шведските социјалдемократи.

Заев и Шекеринска денеска учествуваа и на лидерската средба, на којао присуствувше и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, заедно со лидерите на повеќе сестрински партии од Европа.

Слични содржини