Средба Заев -Ахмети била само за принципите на соработка во реформската Влада

од Vladimir Zorba

Денеска се одржа средба помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се вели во краткото соопштение на СДСМ.

Теми на средбата беа принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите.

Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства. објавија кратко од СДСМ.

 

Слични содржини