Средба Заев – Алтхаузер: Со граѓаните веќе зборуваме за иднината, промените се почнати

од Vladimir Zorba

timthumb-10

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Р.Германија во Р.Македонија, Кристине Алтхаузер.

На состанокот се разговараше за реализацијата на клучните услови за организирање и спроведување регуларни избори во декември, како и за активностите на СДСМ насочени кон квалитетен живот за граѓаните и демократизација на општеството.

Заеднички е ставот дека техничката Влада и сите државни институции мора да функционираат во правец на обезбедување услови за фер предизборен и изборен процес, и дека нема алтернатива за слободни демократски избори коишто единствено отвораат перспективи за Македонија и граѓаните.

-Фокусирани сме да овозможиме на овие избори да одлучи слободната волја на граѓаните. Тоа е должност на сите и злоупотреби нема да дозволиме. Се отворивме и комплетно како партија за сите кои сакаат да и помогнат на државата. Постојано сме на терен,
промените се почнати, граѓаните препознаваат нова перспектива што го отвора патот и кон економска стабилност на семејствата и на државата рече претседателот Заев.

На средбата беше поздравена посветеноста на СДСМ кон реализација на препораките од Прибе, како значаен чекор за евроинтеграцијата на Република Македонија.

Слични содржини