Самитот на Источното партнерство на ЕУ во Рига беше прекинат одеднаш откако Азербејџан одби да ја потпише завршната декларација од средбата.

Азербејџан е несогласен со клаузулите во декларацијата за Нагорно Карабах, објавија светските новински агенции.

RIGA SUMMIT

Италијанскиот претседател Серџо Матарела, кој претседаваше со состанокот, објавил одмор потоа.

Овој потег на Азербејџан предизвика разочарување меѓу земјите од ЕУ, кои присуствуваа на средбата, забележува “Франс прес”.

Во заедничката декларација земјите на самитот во Рига ја потврдија својата целосна поддршка за посредничките напори на копретседателите на Минската група за конфликтот во Нагорно Карабах, вклучувајќи на ниво претседатели и изјавите од 2009 година.

Слични содржини