Средби на премиерот Заев во рамки на Генералното собрание на ОН во Њујорк

од desk2

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во рамки на активностите на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе има билатерална средба со премиерот на Белгија Чарлс Мишел.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ќе присуствува и на приемот по повод кандидатурата на Германија во Советот за безбедност на ОН, за периодот 2019-2020 година, што во име на канцеларката Ангела Меркел, го приредува заменик канцеларот и министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Зигмар Габриел.

Во текот на денот предвидени се и други средби и разговори со влијателни гости на Генералното собрание на ОН, како и со американски политичари и тинк-тенк експерти од сферата на надворешните политики и меѓународните односи на САД, се наведува во соопштението од прес службата на Владата.

Слични содржини