Средношколците од денеска ја бојкотираат наставата во седум училишта во Скопје, како и во други градови низ земјата.

10411995_810942395627718_2188540254884420890_n

Бојкотот се состои во неодење на настава, празни се училиците каде треба да се одржуваат часовите, а учениците се собираат во холот и ходниците на училиштата каде одржуваа алтернативни активности и дебати, информира А1ОН.

Бојкот имаше во скопските гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Ѓорѓи Димитров“, „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Кочо Рацин“ и „Георги Димитров“, а штрајкуваат и учениците од ГУЦ „Здравко Цветковски“.

Како што велат учениците причина за нивниот револт е игнорантскиот однос на образовните власти, насила воведените реформи во средното образование кои за нив се штетни, политичките етикетирања на кои се секојдневно мета и дикриминаторскиот однос со тоа што Министерството за образование избра дијалог со во последен момент активираната Унија на средношколците. Тие и понатаму бараат стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура. Велат бојкотот на наставата ќе продолжи и следните денови./А1Он

Слични содржини