Средношколците од повеќе училишта од Скопје масовно се собираат пред Собранието. Пораките на нивните транспаренти се „Реформите се топ – априлилили“, „Ќе паднам матура, заедно со системот“, „Матеисти сме, не веруваме во математика“, „Стоп за лошите реформи“, „Реформи без квалитет, образование, без успех“.

srednoskolciProtesti1-640x320

На големиот протест во Скопје во организација на Средношколски пленум се очекува да се приклучуваат и нови учесници од други градови, додека поворката, која сега тргнува, ќе оди кон Владата на Република Македонија, а потоа до Министерството за образование и наука.

Огромен транспарент свртен кон Собранието на Република Македонија порачува „Стоп за лошите реформи“,

Министерот за образование Абдулаќим Адеми вчера се сретна со преставници на Унијата на средношколци, но на средбата не беа повикани од Средношколскиот пленум.

Постигната е согласност математиката да не биде задолжителен предмет во државната матура за сите ученици, туку само за учениците од природно-математичките гимназии.

Протести најавија и учениците од Тетово и Прилеп.

Слични содржини