Средношколците од македонските и албанските паралелки од неколку средни училишта од Тетово се собраа на градскиот плоштад, каде што го изразија незадоволството од според нив, лошите реформи во средното обрзование. Бараат враќање на стариот концепт на државната матура и укинување на екстерното тестирање повторно побараа тетовските средношколци.

timthumb
Тие истакнаа дека протестот би бил помасовен, доколку секојдневно не се соочуваат со притисоци од професорите и управата на училиштата.

Средношколскиот марш започна на плоштадот во градот, а преку централното градско подрајче колоната се упати во централната гимназија.

Денешниот марш е на иницијатива на албанските паралелки во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ кои пред два дена самите организираа мирен протест на плоштадот во градот и прогласија бојкот на формалната настава.

Средношколците одат на училиште, меѓутоа не присуствуваат на часовите, а времето во двете смени го пополнуваат со вонучилишни активности.

Слични содржини