Учениците сметаат дека бојкот на наставата е радикална мерка за да си го искажат оснoвниот став, глас и барањата против новиот концепт на матура и екстерното тестирање. Истовремено, министерот за образование Абдулаќим Адеми најави средба со средношколците и апелираше да го исполнат потребниот фонд на часови. Средношколскиот пленум реплицира дека продолжуваат со бојкотот и денеска се додека не почнат да преговараат до МОН

10409696_984937781519457_3973256919545781866_n

„Според податоците кои министерството за образование ги  има ,  делумен бојкот имало во неколку училишта во Скопје и во две во Куманово. Мене ми е жал што во тие училишта се бојкотира наставата, но доколку имаат барање за средба, барање за разгледување на аспекти во образованието, тоа право, секако, го имаат и ние ќе се сретнеме. Но, ги повикувам, да не користат вакви начини зашто не е добро ни за нив, ни за општеството, ни за државата. Тие треба да учат и да бидат во училишните клупи“.

 

Огнен Ханџиски, претставник на Пленумот, денеска преку дебата на Радио МОФ повтори дека Унијата на средношколци, која самоиницијативно се прогласи за претставник на средношколците, на средбата со МОН адресирала само мал дел на проблемот – укинување на математика за матура.
„Но, ние пробуваме да го смениме целиот концепт на матура што вклучува електронско полагање, како и самото екстерно тестирање, кое, иако е имплементирано и веќе е во процес, има многу недостатоци и е несоодветно за нашиот образовен систем.
Бојкотот е радикална мерка со цел да се искаже гласот – јасно и гласно! Започнавме со маршови, кои траеја во претходните две-три недели, но никој не ни одговори на барањата. Сега стигна степен на бојкот, кога можби ќе не забележат и не прашаат ‘Што е проблемот?’“, рече Ханџиски од Средношколски пленум.

Слични содржини