11156389_817145931674031_299106906563119544_n

“По 10 дена бојкот, време е да се собереме сите заедно на улица, СРЕДНОШКОЛЦИТЕ, но и сите што не поддржуваат во борбата за поквалитетно образование.

Нема да дозволиме да се спроведуваат лошите реформи, нема да дозволиме да ни го уништат образованието!

Игнорантниот однос на министерот за образование и наука не не демотивираше, баш напротив, тоа не поттикна за сè што направивме до сега и сè што ќе правиме понатаму.

Нашите активности нема да запрат се додека не бидеме повикани на средба, се додека нашите барање не се исполнат.

Ова е само почеток”- се наведува во објавата на Средношколски пленум со кој го најавуваат претестот на средношколците во четврток во 12 часот.

Слични содржини