10929966_808525452536079_5768950901651546522_n

Средношколскиот пленум најави дека ќе продолжи со активностите за измена на постојниот модел на екстерното тестирање.

Од пленумот за DW велат дека засилени активности ќе има поточно од септември, на стартот на новата учебна година.

Барањето на Средношколскиот пленум беше екстерното тестирање да се стави во мирување оваа година и оценките на матурантите кои го полагаа во јануари да не влезат во свидетелствата.

Предлагаа да се оди со словенечкиот метод на тестирање со кој тестирањето се спроведува по анонимен пат со статистичка цел, без притоа оценките да влегуваат во просекот.

Ова барање не беше прифатено од Министерството за образование кое не ги ни образложи причините.

Екстерното тестирање годинава помина со голем број содржински и технички грешки за што реагираа и родителите и експертската јавност.

Слични содржини