Средношколскиот пленум го замолува училишниот персонал да ги елиминира притисоците кои беа вршени врз учениците изминатата недела. Бојкотот ќе продолжи и во најлошите услови бидејќи имаме право да го искажеме нашето незадоволство. Бојкотот ќе се спроведува по планираните агенди освен ако тоа не ни биде оневозможено (агендите вклучуваат едукативни и забавни активности за сите ученици). Ние средношколците, говориме во еден глас и тој глас ќе биде слушнат – соопштија денеска од Средношколскиот пленум.

bojkot-sredno-540x360

Средношколците и денеска продолжуваат со бојкотот на наставата против како што велат лошите образовни реформи и игнорантскиот однос на надлежните, кои иако минатата недела најавија не остварија средба со нив.
Од Средношколскиот пленум велат дека празничните денови ги искористиле за координација со интерни пленуми од деветте скопски средни училишта и со нивните соученици од другите градови.
Од пленумот велат дека остануваат на ставот за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура. Очекуваат средба со надлежните на која ќе ги пренесат нивните ставови.

Во Скопје бојкотот продолжува во сите гимназии. Средношколците бојкотираат и во Куманово, Тетово, а oд денеска на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов” од Битола.

Кумановските средношколци од рано претпладнето почнаа со потпишување петиција за исполнување на нивните барања. Тие бараат поддршка од граѓаните за укинување на лошите реформи во образованието и да не се полага математика на државна матура.

Слични содржини