Среќно! Само за месец Трамп го намали државниот долг на САД со 12 милијарди долари

од desk2

Обама во исто време го зголемил за 200 милијарди долари.

За прв месец на функцијата претседател на САД Доналд Трамп успеал да го намали американскиот државен долг за 12 милијарди долари. За истиот период за време на владеењето на Барак Обама обврските на САД пораснаа за 200 милијарди. Ова го соопшти самиот Трамп на својот профил на Twitter.
Објавувајќи ја веста, американскиот лидер истакна дека американските медиуми од непознати причини молчат за овој успех. “Медиумите не објавија дека националниот долг за првиот месец од моето управување како претседател се скрати за 12 милијарди долари. Споредете го ова со 200-та милијарди, со што беше зголемен државниот долг во првиот месец на управувањето на Обама “, напиша Трамп.

Слични содржини