Српски Блиц: Убиството на Ивановиќ забележано од надзорните камери поставени на просториите на партијата

од desk4

Српски Блиц на својот сајт објави дека над просториите на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ во Косовска Митровица има две камери за видео надзор кои најверојатно го забележале моментот, кога е убиен лидерот Оливер Ивановиќ.

Недалеку од тместото, поточно на километар и нешто, полицијата го пронајде запалено возило марка опел астра со кое убиецот, најверојатно побегнал од местото на злосторството.

Косовската полициајта претходно соопшти дека има информации за потеклото на тоа возило.

Имено, генералниот директор на полицијата Шпенд Маѓуни, не изнесувајќи многу детали, рече дека имаат доволно информации за да се трага по сопственикот на возилото.

-Возилото било без регистарски таблички, но успеавме да обезбедиме доволно информации за потеклото и сопственикот на возилото. Не може да ви дадам повеќе детали, но информациите што ги имаме се доволни за да се трага по сопственикот на возилото, изјави Маѓуни на конференцијата за медиуми по седницата на Советот за безбедност на Косово.

Ивановиќ почина во Здравствениот центар во северниот дел од Косовска Митровица, откако врз него непознато лице истрела повеќе куршуми од пиштол.

Ковчегот со телото на Оливер Ивановиќ денеска попладне околу 18.30 часот е донесен пред просториите на партијата каде ќе преноќи.

Утре, како што е најавено, ќе биде префрлен во Белград.

Слични содржини