Српски пратеници бараат пари за да гласаат за Ана Брнабиќ

од desk3

Како што дознава белградскиот дневник „Блиц“ од неименувани извори, откако претседателот Александар Вучиќ цврсто застанал зад предлогот Ана Брнабиќ да биде новата српска премиерка, потенцирајќи дека во случај на неуспех е подготвен да распише нови избори, неколку пратеници побарале пари за да отстапат од нивните прокламирани ставови и убедувања дека Србија не заслужува „лезбијка и Хрватка“ за премиерка.

Неименуваниот извор тврди дека нивните уцени нема да поминат кај Вучиќ, кој бил подготвен да ги обелодени имињата на пратениците кои бараат функции и пари.

Најмалку седум пратеници на СНС, блиски на Николиќ, се спротивставуваат на Вучиќевиот предлог Брнабиќ да биде премиерка. Покрај нив, и коалиционите партнери на СНС, Драган Марковиќ-Палма од Единствена Србија и Муамер Зукорлиќ од Бошњачката демократска заедница истапија јавно против Брнабиќ, и покрај заканите на Вучиќ дека ќе ги прати во опозиција.

Слични содржини