Српските душегрижници се разбудија-Аларм во Грција против бугарската и македонската црква!

од Vladimir Zorba

Која е  целта , со фокус  на името Македонија  или фокус на црквата


Подготвеноста на Светиот синод на Македонската православна црква да ја признае Бугарската за Црква-мајка предизвика вистинска паника меѓу  претставниците на српската црква, кои поитале со аберот за МПЦ-БПЦ

Неколку часа откако БНТ  го објави писмото на Македонската Архиепископија до Бугарската патријаршија претставник на ПОА испратил допис  до грчкиот црковен сајт “ромфеа.” , кој пак веднаш ја објавува   “статијата” без да го објави името на  авторот.

Информациите се насловени: “Шизматичка ” македонска црква е подготвена да ја признае Бугарската Патријаршија како нејзина мајчинска црква “

Еве го целиот текст:
“Неодамна се појави текстот на т.н.. Шизматичка” македонска “црква, кој се шири во одредени средини. Според информациите на” ромфеја.гр “шизматичната црква е подготвена да ја признае Бугарската патријаршија како црква-мајка.
Во писмото се зборува за обновување на евхаристичката заедница, но и за историската можност Бугарската Патријаршија да биде Црква-мајка на т.н. “Македонска” црква. Неодамна имаше официјални и неформални контакти меѓу народот на Бугарската Патријаршија и расколничката црква.
Поранешниот професор и претседател на БАН го повика патријарх Неофит да го заземе местото на духовен татко и да сфати дека е правилно да ги поддржи луѓето во Македонија. Во исто време Светиот Синод на Бугарската патријаршија, независно од разговорите со луѓе од ФИРОМ, се плаши да го направи првиот чекор. Конечно треба да се истакне дека бугарскиот патријарх на неколку пати  официјално примал шизматици, а Бугарската црква слободно ги  користи термините “Македонија” и “Македонска црква”, се вели на крајот на објавата,
Грчката  православна црква има многу добри односи со Македонската православна црква и има разбирање дека таа има огромна поддршка меѓу населението.

МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква-мајка

Слични содржини