Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) целосно се солидаризира со колегите на кои им се заканува отпуштање во телевизија „Телма“ и апелира до менаџментот да ја измени одлуката која ќе има негативни последици не само врз имиџот на телевизијата, туку и врз севкупната состојба во медиумската индустрија.

ssnm

„ССНМ информира дека по еднострано донесената одлука на раководството на куќата, во текот на денот се одржаа и првични консултации на претставниците на синдикатот на „Телма“ и менаџментот од кој, како што сме информирани, може да се заклучи дека се бараат начини за надминување на ситуацијата.  ССНМ во оваа прилика јавно потсетува дека континуираното намалување на правата на вработените, преточено во постојани измени за Законот за работни односи не го анулираат фактот дека не секогаш она што е законски дозволено е и етично. Начинот на кој една национална телевизија која гради имиџ на професионална и независна, се однесува со искусните и професионални новинари е исклучително важен показател на нејзината општествена одговорност и свест за последиците од донесените одлуки“, стои во соопштението на ССНМ.

Македонија и вратила 12 000 мигранти на Грција

Од Синдикатот очекуваат од менаџментот на „Телма“ да биде исклучок од правилото дека „без секого се може и секој сѐ може“.

 

META

Слични содржини