Стабилноста на Западен Балкан е од клучна важност за НАТО

од desk2

Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО во Европа, генерал Куртис Мајкл Скапароти, денеска во Приштина изјави дека стабилноста на Западен Балкан е од клучна важност за НАТО и дека Алијансата останува посветена на својата задача, пренесе Танјуг.

Генерал Скапароти денеска ја посети командата на КФОР во Приштина каде се сретна со командантот на КФОР, генерал-мајор Џовани Фунга, кој го извести за најновите настани што се однесуваат на моменталната безбедносна и општествено-политичка ситуација на Косово.

-КФОР е нашата најдолга операција и има витална улога во оддржување на стабилната безбедносна ситуација со тоа што ги обезбедува времето и просторот што се потребни за постигнување на дипломатски напредок, рече генерал Скапароти, соопшти командата на КФОР.

„Додека Косово чекори напред во прегратката на сопствената иднина, НАТО останува посветен на својата задача. Ова е процес што се темели на условите на теренот. Ќе оддржиме флексибилно и соодветно присуство и тоа ќе го менуваме само тогаш кога безбедносната ситуација тоа ќе го дозволува“ порача генералот.

Генерал Скапароти се сретна и со амбасадори, претставници на меѓународната заедница на Косово, специјалниот претставник на УНМИК, специјалниот претставник на ЕУ, и претставниците на Еулекс и ОБСЕ.

Слични содржини