Времето навистина лета и е неподложно на контрола од кого и да е. Во модната и козметичката индустрија, оваа величина е исклучително комплексна за следење, бидејќи брендовите успеваат секогаш да се неколку сезони понапред.b5062ab095c298982f83bb9ea5001a67

Со промената на трендовите, нема како да мислиме дека не се менуваат и критериумите за убавина. Она што се сметало за атрактивно во минатото, денес може да биде недозволиво.

Ние, жените ја имаме “вештината” да мислиме дека во голема мера сегашните стандарди не се менуваат драстично и тоа е она што од секогаш така било.

Се обидовме да ги собереме најнестандардните ознаки на убавината од минатото – некои од нив се навистина шокантни.

1. Нозе и раце без депилација

Модата на мазното тело е релативно нов тренд. Бричењето не било популарно до 20-тиот век – пред тоа, дамите се одржувале апсолутно природни. Дебитирањето на женските жилети како главна компонента во секојдневната рутина е всушност маркетиншки трик на неколку компании.

2. Половината – 30 сантиметри

Во Викторијанската ера се појавила модата на тенка половина, која достигна речиси невозможни крајности. Дамите користеле исклучително тенки корсети, за да ги донесат посакуваните димензии кои биле точно 30 сантиметри. Се разбира, скршено ребро или бесвест од недостаток на воздух не биле реткост.

3. Бенки

Во 1700 година, модерни биле бенките. Жените кои биле со природни такви се сметале за вистински среќлии. Оние кои не биле наградени од природата со таква среќа, можеле да ги купат  вештачки такви во различни големини и форми, кои се ставале врз телото.

4. Влакна на бикини линијата

Пред малку повеќе од 30 години, интимните влакна се сметало за основен белег на женственоста. Доста скоро беше, а? Во 60-тите и 70-тите години, бричење била исклучителна реткост и дури се сметало за многу чудно нешто. Во постарите изданија на некои од познатите модни списанија се забележува дека дамите биле апсолутно природни.

5. Бањата била реткост

Кралицата Елизабета Прва стана позната и со едно особено интересно нешто од наша гледна точка. Таа споменала дека се капела барем четири пати во годината, без разлика дали ѝ е потребно или не. Пред бањите и тушевите да станат апсолутно прифатени за секој дом, дамите користеле парфеми, за да мирисаат добро. Интересен факт е дека во 50-тите и 60-тите години, секојдневното одење под туш е нешто апсолутно невидено – нормално, бањата била задолжителна не повеќе од еднаш неделно.

Слични содржини