Старец починал сам дома, две млади се исчезнати

од desk2

Постар маж е најден починат во својот дом во Скопје, а две женски лица на возраст од 19 и 24 години се пријавени а исчезнати соопшти полицијата денеска.

Имено, во четвртокот, во 16,50 часот во СВР-Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека Д.Д. (73) од Скопје бил пронајден починат во својот стан.

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.

Истиот ден, во 13,45 часот во ПС-Струга, Н.В. (49) од Струга пријавил дека неговата ќерка О.В. (19) на 15.08.2017 година излега од домот и до денот на пријавување не се вратила, а мобилниот телефон и бил исклучен.

На 17.08.2017 година во 21,45 часот во ПС-Гостивар, К.Х. (39) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 07,30 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга А.К. (24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Слични содржини