Старнавски се спушти на длабочина од 240 метри – урнат рекордот во пешетарата Врело на Матка

од desk2

Светски познатиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го урна рекордот во длабочина и се спушти 240 метри во подводната пештера Врело на Матка.

Старнавски во придружба на неговиот тим и со поддршка од домашните спелео- нуркачи од клубовите Акватек и Врело од Скопје, по повеќе од пет часа успеа да ја освои оваа длабочина, користејќи специјален систем за подводуркање наречен ребридер.

– Матка Врело е извонредна пештера со кристално чиста вода и огромни галерии. Со помош на македонскиот тим од нуркачи, предводени од клубот Акватек, направивиме истражување на пештерата до 240 метри во длабочина и повеќе од 800 метри во должина, после кои утврдивме уште многу можности за понатамошно истражување во следна експедиција. Јас сум во потрага по најдлабоката пештера во светот, а Матка Врело има голем потенцијал да стане најдлабоката пештера истражена од човек – изјави Старнавски.

Слични содржини