Старо-нови имиња за градоначалници

од Vladimir Zorba

На три дена пред истекот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници од политичките партии, до Државната изборна комисија не стигнала ниту една кандидатура. Од партиите излегоа со кандидати за речиси сите општини.

Во трката за нов општински татко ќе оди лидерот на Алијансата за албанците, Зијадин Села кој повторно ќе ја бара довербата од стружани, а Движењето БЕСА објави дека Асаф Адеми ќе се соочи со министерот Арбен Таравари и актуелниот градоначалник Невзат Бејта во Гостивар.

Од партиите на албанците засега молк за Тетово, каде најверојатно силите ќе ги мерат актуелната градоначалничка од редовите на ДУИ, Теута Арифи и лидерот на БЕСА, Билал Касами. ВМРО-ДПМНЕ за Тетово го кандидираше претседателот на општинскиот комитет, Горан Манојловски, а од СДСМ се уште нема кандидат.

Кандидати за градоначалници партиите немаат објавено и за скопската општина Центар. Неизвесно е дали Од СДСМ ќе го поддржат актуелниот градоначалник Андреј Жерновски кој собра потписи за независна кандидатура, додека пак од ВМРО-ДПМНЕ во игра се советникот Томислав Лазаров и пратеничката Даниела Рангелова.

Владејачката СДСМ се уште не го објавува кандидатот за Куманово, од чии редови е и актуелниот градоначалник. ВМРО-ДПМНЕ пак, за оваа општина го кандидира Зоран Ѓорѓиевски. На локалните избори мандат ќе побараат и 27 независни кандидати во 22 општини. Од Државната изборна комисија потсетуваат дека рокот за доставување на кандидати истекува на 14 септември на полноќ, до кога имаат и увид во избирачкиот список, откако вчера тој заврши за граѓаните.

„Во поздрачјето и канцеларијата на ДИК, увид извршија вкупно 21 594 граѓани. Донесени се 65 решенија за запишување во списокот, 22 решенија за бришење и 133 решенија за промени на податоците. На електронската апликација, извршение се 203 191 проверка. Немаме информации од општинските изборни комисии за поднесени листи на кандидати.“ – вели Љупка Гугучевска.

Од ДИК велат дека Избирачкиот список не може да биде 100% точен бидејќи податоците се менуваат секојдневно, но уверуваат дека до 24 септември, кога се заклучува Избирачкиот список, тој ќе биде веродостоен./ТВ24

Слични содржини