Статистиката вели богати се, а реалната социјална слика покажува беда и нееднаквост во Црна Гора

од Vladimir Zorba

 Бизнис светoт денеска


Подгорица – Статистичката математика и реалната социјална слика во Црна Гора се во голем расчекор, бидејќи во просекот влегуваат и најмалите плати од 193 евра. Такви мали плати во минатиот месец примиле 1.066 луѓе и тие од 5, 10, 20 и повеќе илјади евра, колку што примаат топ менаџерите во некои банки, како што дознава Побједа, чии сопственици се странски компании, но и не само тие. Според последниот податок на Монстат, просечната плата во февруари оваа година била 511 евра, а наскоро треба да биде соопштена бројката и за март. Судејќи според официјалните податоци, оваа година почна малку поскромно од претходната, во која во јуни бил надминат рекордот од 173.833 евра (бруто 307.670), која била исплатена во некој сектор на изработка на градежни проекти.

Братислава – Кон крајот на март во Словачка работеле 39.100 странци, најмногу Романци, а по нив најбројни се Србите.

Кувајт – Апелациониот суд во Кувајт ја одобри одлуката на Владата за поскапувањето на горивото, оценувајќи дека со таа одлука не се крши Уставот, што се тврдеше во обвинението.

Москва – Западните санкции и падот на вредноста на рубљата го направија руското земјоделство исклучително профитабилно, па Русија моментално повеќе заработува од извоз на храна отколку на оружје. Русија лани стана најголем светски извозник на жито, пласирајќи над 34 милиони тони, додека вкупното производство достигна рекордни 119 милиони тони.

Вашингтон – Продажбата на станбените недвижнини во САД е зголемена во март повеќе од очекувањата и тоа најмногу од февруари 2007 година. Продажбата е зголемена за 4,4 отсто во март, додека економистите очекувале зголемување од 2,5 отсто, соопшти американската Национална асоцијација на трговци со недвижнини. Додека бројот на станбените недвижнини во понудата е зголемен за 5,8 отсто на 1,83 милиони минатиот месец, тој број е намален за 6,6 отсто во однос на периодот од пред една година, што значи дека побарувачката е поголема од понудата.

Ротердам – Англо-холандскиот гигант во прехранбениот сектор за стока за широка потрошувачка Унилевер, извести за пораст на продажбата и зголемена дивиденда на акционерите. Овие резултати се забележани во првиот преглед на деловните резултати откако ја одбил понудата за преземање од американската компанија Крафт Хајнц.

Токио – Потпретседателот на САД Мајк Пенс се заблагодари на јапонските компании за придонесот за економскиот просперитет на САД. „Нашата трговија е важен фактор за нашиот успех. Економското партнерство меѓу САД и Јапонија ќе продолжи да расте и цвета” – изјави Пенс, додавајќи дека двете држави заедно прават една третина од светската економија/MIA

Слични содржини