Стефановиќ: Не очекувам безбедноста на Србија да биде загрозена поради настаните во Македонија

од Vladimir Zorba

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека не очекува безбедноста на Србија да биде загрозена поради случувањата  во Македонија, но безбедносните сили се подготвени да дејствуваат и во таков случај.

– Ние сме внимателни со години поради ситуацијата на нашите јужни граници од различни причини. Анализиравме секакви сценарија и ситуации во соседството кај држави кои покажаа некои видови нестабилност и загрозуавње на безбедноста и преземаме мерки со нашите сили да обебзедиме сите граѓани на Србија да не мора да се грижат, изјави Стефановиќ.

Тој додаде дека очекува главниот дел на седницата на Бирото за координација на службите за безбедност да биде посветен на ситуацијата во Макеоднија и мерките што треба евентуално да се преземат.

Запрашан дали турските разузнавачки служби се вмешани во случувањата во Македонија и јужна Србија, Стефановиќ рече дека не располага со систе податоци.

Слични содржини