Стејт департмент: Политичарите кои вршат опструкции во Македонија да бидат земени на одговорност

од Vladimir Zorba

Портпаролот на американскиот Стејт департмент во одоговор за Гласот на Америка на македонски јазик дава коментар за политичката криза во Македонија.

„Македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември, и постои јасно мнозинство во Собранието, што чека да формира Влада. Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат се` што можат, за формирање на Влада без натамошно одлагање за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атлантското семејство. Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“, рекол тој.

Слични содржини