Стејт департмент: Тилерсон нема да поднесе оставка

од Vladimir Zorba

   Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон нема намера да поднесе оставка, соопшти Стејт департментот. Соопштението е објавено синоќа по информации дека Тилерсон би можел да се повлече поради несогласување со Белата куќа.

– Тоа не е точно. Разговаравме со државниот секретар и тој беше јасен: има намера да остане овде. Уште имаме многу работа, изјави портпаролката Хедер Науер.

Скратениот распоред на Тилерсон го нарече „мал одмор“ по бројните состаноци во Европа и Персискиот залив во јули.

Откако ја презеде функцијата во февруари, Тилерсон е критикуван поради тајност во работата и проектите за намалување на буџетот на Стејт департментот за 30 отсто. Таму работат повеќе од 70.000 луѓе.

Си-Ен-Ен објави изјава на неименуван извор дека Тилерсон, поранешен шеф на ЕксонМобајл, е „фрустриран од мешањето на Белата куќа во процесот на именување негови соработници“

Слични содржини