Стевчо Јакимовски: Граѓаните се виновни што не ги читале дуповите кога се носеле за Карпош

од Vladimir Zorba

 Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски ги посочи граѓаните како виновнци што не ги интересирало што предвидуваат деталните урбанистички планови кога се носеле иако, пак, жителите на Карпош неколку пати протестираа и деновиве реагираат зошто насекаде никнуват нови станбени и деловни згради, бензински, а се уништува зеленилото, пренесе Телма.

Протестите започна токму кога Јакимовски дел од децениските зелени површини ги прогласи за денационализирана сопствеснот, а на сопствениците им се дозволи во вратениот имот да изградат станбена зграда.

Жителите, пак, се согласни со градоначалникот дека во нивните паркови никнуваат згради, но се револтирани дека полека исчезнува зеленилото како примерот во Карпош 4.

Од граѓанскитите здруженија обвинија дека во неколку прилики деталните урбанистички планови се носеле денови пред Нова година, на денот на коледарскиот оган и во средина на јули кога сите се на одмор. Дел од дуповите се стопирани, или вратени една постапка назад на разгледување и забелешки, но со поодамнешните веќе се гради засилени, а укажувањата се дека смао во населбата „Тафталиџе“ овие две години никнале 25 станбени блокови, причина повеќе за загедниот воздух во зимските месеци. Јакимовски кој вели дека не бега од критиката на граѓаните им забележа дека не треба да се спротиставуваат на средствата кои се слеваат од новите градби во општината, а според него се одлеваат во градинки, училишта, паркови, тротоари и нов асфалт во сите делови на општината.

Слични содржини