Стево Пендаровски заминува од Собрание и оди во НАТО!?

од desk4

Владата даде зелено светло Стево Пендаровски да биде назначен за нов национален координатор на Македонија во НАТО. Додека ова да биде огласено во службен весник Пендаровски уште кратко време ќе остане на пратеничката функција.

Во неофицијален разговор за ТВ 24 вели дека ќе остане во законодавниот дом барем овие неколку дена бидејќи Собранието ќе треба да одлучува и за одземање на имунитетот на пратениците за кои вчера се произнесе и судот. Пендаровски додава дека сега секој пратенички глас е важен, а законодавниот дом сè уште не го верификува мандатот на неговиот наследник.

Законодавниот дом сè уште го нема верификувано мандатот на следниот кој треба да дојде на оваа позиција. Додека информацијата не биде огласена во службен весник останувам на пратеничката функција. Овие неколку дена во кои законодавниот дом ќе треба да се произнесе и за имунитетот на дел од пратениците секој пратенички глас е многу важен.

Согласно законските прописи на местото на Пендаровски треба да дојде следниот кандидат за пратеник од листата на Изборната единица 1 односно Дарко Каевски кој беше 14 ти, но тој сега е Директор на АМС. Согласно законските прописи ДИК ќе треба да достави писмо до него за тој да ја информира комисијата дали ја прифаќа оваа функција или не. Доколку остане на актуелната позиција како директор на Агенцијата за млади и спорт – следен кој ДИК ќе го информира за тоа е 15- тиот кандидат во случајот Далибор Богдановски.

Македонија од 2009 та година немаше национален координатор во НАТО поради неуспехот на во Букурешт. Претходно на оваа функција во периодот од 2006 до 2009 година беше министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Стево Пендаровски е политичар, универзитетски професор и доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација . пред да стане пратеник исто така беше и кандидат за претседател на државата на изборите во 2014- та.

Слични содржини