Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Стивен Хокинг готов за патување во вселената

Стивен Хокинг готов за патување во вселената

Светски познатиот физичар Стивен Хокинг планира патување во вселената на брод на компанијата Virgin Galactic.

Ова го соопшти самиот научник во преносот на телевизија ITV “Good Morning Britain”, соопштува Press Association. Во предавањето водителите  и гостинот одделија големо внимание на темата што претставува среќата. “Можам да ви кажам што ќе ме направи среќен – патување во вселената. Мислев дека никој нема да ме земе таму, но Ричард Бренсон (сопственикот на Virgin Group) ми понуди место во бродот Virgin Galactic и јас веднаш реков “да” “, изјави научникот.