Стивен Хокинг ќе патува во вселената

од Vladimir Zorba

Признаениот за еден од најпознатите големи умови на астрофизиката Стивен Хокинг ја прифатил поканата за патување во вселената. Тоа ќе се случи на палубата на вселенски брод на компанијата “Вирџин галакси” и ќе го означи првиот пат, во кој човек со амиотрофична латерална склероза ја напушта земјата. Во интервју за емисијата “Добро утро, Велика Британија”, Хокинг вели дека воопшто не се замислил, кога добил покана од основачот на компанијата Ричард Бренсон. “Мојата најголема амбиција е да летам во вселената. Мислев дека никој нема да ме земе, но Ричард Бренсон ми понуди место на “Вирџин галаксијата” и реков “да” со трепкање “, рече тој.

Вселенското патување ќе биде дополнителен предизвик за Хокинг, кој боледува од амиотрофична латерална склероза – заболување поради кое е прикован во инвалидска количка повеќе од 40 години. Неговиот лет се очекува да е првиот на човек со слична дијагноза. И иако досега Хокинг не излегол во отворена вселена, тој веќе почувствувал бестежинска состојба.

Во 2007 година тој испитал нулта гравитација на палубата на специјално дизајниран авион Boeing 727-200. Ричард Бренсон од своја страна не ја криел желбата да го качи на палубата на свое летало астрофизичарот. Во 2015 година, тој изјави дека се надева дека ќе може да го однесе Хокинг во вселената, како и дека му предложил билет за сличен лет додека неговото здравје тоа го дозволува.

Се очекува летот на Хокинг да се изврши со ракетата SpaceShipTwo на “Вирџин галаксија”, која ќе земе на палубата и други кои сакаат да одат во вселената. И додека за научниците оваа авантура ќе биде бесплатна, за сите останати на леталото патувањето ќе е не помалку од 250 000 долари.

До сега 700 луѓе се запишале за летот и оставиле депозит. Според информации на “Форбс” се очекува ракетата да биде истрелана кон крајот на оваа година.

Слични содржини