Британскиот научник Стивен Хокинг смета дека човештвото го очекува мрачна иднина. Ова го тврди физичарот-теоретичар во интервју за шпанскиот весник El Pais.Според зборовите на Хокинг, ако на Земјата некогаш се појаватдојденци од вселената, тие ќе ја освојат нашата планета.20151003.estedxcrhw

“Напредни вонземсјани е можно да станат вселенски номади и да ги освојат и колонизираат сите планети, до кои може да стигнат. Математички моето размислување ме тера да го разгледувам прашањето со дојденците исклучиво од рационална гледна точка. Вистинско искушение е да дознаам како тие би изгледале “, вели тој.

Стивен Хокинг се изразува и на темата за вештачката интелигенција. Научникот е уверен дека во наредните 100 години компјутерите толку многу ќе станат паметни што ќе почнат да доминираат над луѓето.

“Кога тоа ќе се случи, треба да се трудиме нивните цели да се совпаѓаат со нашите”, предупредува научникот.  “Сметам дека нашиот опстанок ќе зависи од тоа дали ќе успееме да најдеме нови светови некаде во универзумот, бидејќи постои растечки ризик глобална катастрофа да ја уништи Земјата “, вели Хокинг.

Затоа тој се стреми да го привлече јавното внимание кон важноста на вселенските летови. “Јас научив да гледам далеку напред во иднината, концентрирајќи се на сегашноста”, додава тој.

Слични содржини