Стивен Хокинг отвори Центар за развој на вештачката интелигенција

од Vladimir Zorba

Професорот Стивен Хокинг го отвори Центарот Ливерхалм за иднината на вештачката интелигенција (AI), кој ќе изучува апликации кои вклучуваат сè повеќе паметни телефони (смартфони), роботи хирурзи и боречки дроиди во стил “Терминатор”.

5125035Финансиран со 10 милиони фунти (11,2 милиони евра) од фондот Ливерхалм, целта на центарот ќе биде да обезбеди користење на AI во корист на човештвото.

Во говорот на отворањето Хокинг вели дека никој не може да предвиди што може да се постигне со вештачка интелигенција.

“Веројатно со инструментите на оваа нова технолошка револуција ќе можеме да исправиме некои од штетите нанесени на природната средина од претходната револуција – индустриската”.

“Сигурно ќе се стремиме да ги искорениме болестите и сиромаштијата. Секој аспект од нашиот живот ќе се промени “, рече Хокинг.

“Кажано накратко, успехот во создавањето на вештачка интелигенција ќе е најголемиот настан во историјата на нашата цивилизација”, смета британскиот научник.

Во работата на центарот ќе учествуваат универзитетите во Оксфорд, Кембриџ, калифорниски Беркли и Кралскиот колеџ во Лондон.

Во Центарот ќе има екипи истражувачи во различни области, претставници на индустријата и аналитичари, кои ќе работат на широк спектар проекти – од правилата за користење на автономно оружје до влијанието на AI врз демократијата.

 

Слични содржини