Стивен Хокинг: Вештачката интелигенција може да нè порази

од Vladimir Zorba

Вештачката интелигенција може да стане причина за загинувањето на човековата цивилизација, смета познатиот британски научник Стивен Хокинг. Хокинг учествува во видео-конференција во рамките на Светската конференција за мобилен интернет во кинеската престолнина.

“Развојот на вештачката интелигенција може да се претвори и во попозитивниот, и во пострашниот фактор за човештвото. Треба да ја сфаќаме опасноста што тој ја претставува “, смета Хокинг.

Според Хокинг најновите технологии може да доведат до деградација на човекот, да го направат целосно беспомошен пред природата. Тој додаде дека во услови на природната еволуција и борба за опстанок тоа значи сигурна смрт. Истовремено Хокинг истакнува дека при вешт пристап вештачкиот интелект може да ги реши повеќето проблеми во светот.

“Верувам дека ова не е задолжително да се случи”, резимира Хокинг. Светската конференција за мобилниот интернет се одржува во Пекинг од 27 април до 1 мај. Учествуваат над 500 претставници на големи компании од целиот свет, меѓу кои се кинеските Alibaba ( “Алибаба”), Baidu ( “Баиду”), Huawei ( “Хуавеи”), Tencent ( “Тенсент”). Се очекува форумот да привлече над 100 000 посетители.

Слични содржини