Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Црна Гора е во клучна фаза на интеграциите во која треба да покаже дека е подготвена за членство во Алијансата. Тој наведува дека воениот сојуз до крајот на годината ќе донесе одлука за членство.

столтенберг

По состанокот со премиерот Мило Ѓукановиќ, Столтенберг оцени дека членството во НАТО е „добитна комбинација за Црна Гора“. Тој додаде дека е во Подгорица за да и даде поддршка на државата на патот кон Алијансата и оти го ценат придонесот на Црна Гора во соработката во регионот како и поддршка на мисијата во Авганистан.

Генералниот секретар на НАТО потврди дека во декември ќе се оценува напредокот и подготвеноста на државата за членство во Алијансата.

– Важно е Црна Гора да направи се што треба и да покаже дека може да биде полноправен член….Интеграцијата не е лесен пат. Црна Гора право добар напредок на тој пат, изјави Столтенберг. /МИА

Слични содржини