Столтенберг се сретна и со Катица Јанева, која го информираше за незаконското следење на комуникациите

од desk4

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денес оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.

Јанева го информираше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг дека Јавното обвинителство со кое таа раководи има институционална одговорност за истражување на кривичните дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и дека е решително да ја исполни целта заради која е формирано.

Јанева нагласи дека работата на ова Јавно обвинителство е од исклучителна важност за обезбедување на владеењето на правото и враќање на довербата на граѓаните во институциите на државата како еден од клучните предуслови за членство на Република Македонија во НАТО, стои во соопштението на СЈО.

Слични содржини