Стопирана изградбата на новиот Kлинички центар

од desk2

До крајот на ноември годинава ќе се знае дали во Клиничкиот центар ќе се гради новата зграда за интерни клиники за која претходната влада потпиша договор.

Експерти ќе спроведат анализа и ќе одговорат дали може да се изгради клиниката или нејзината изградба ќе го попречува функционирањето на Клиничкиот центар. Ова го соопшти министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција, на која даде отчет за сработеното во првите 100 дена.

Од опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новата влада намерно ги стопирала градежните активности, а потегот го нарече политички чин. Воедно побара оставка од Таравари.

Договорот за изградбата на овој објект е потпишан на 19 мај, од Никола Тодоров, кој за време на потпишувањето вршеше две функции. Освен што беше пратеник ја вршеше и функцијата министер за здравство.

Според договорот потпишан на 19 мај, новиот клинички центар ќе го градат македонските компании Гранит и Бетон и италијанската компанија Инсо Системи. Договорот вреди околу 72 милиони евра, додека градежните работи се очекуваше да завршат во рок од 45 месеци.

Слични содржини