Стотици илјади Каталонци на улиците на Барселона за независност

од desk2

Стотици илјади луѓе синоќа на улиците на Барселона го прославија Националниот ден на Каталонија, три недели пред спорниот референдум за незвисност што го забранија властите во Шпанија.

Според проценките на полицијата, во Барселона имало околу милион луѓе кои во боите на каталонското знаме ги преполниле улиците на градот. Многумина носеа пароли „Збогум Шпанијо“.

За 1 октомври е закажан референдум за самоопределување. Шпанскиот уставен суд го забрани, но каталонските власти најавија дека ќе го одржат и покрај тоа./РСЕ

Слични содржини