Британските власти соопштија дека еден Британец загинал при терористичките напади во белгиската престолнина во вторникот.Станува збор за Дејвид Диксон, компјутерски програмер кој живеел во Брисел.Тој загинал во нападот на метрото, пренесува БТА.Седум Британци беа повредени во нападите, според податоците на „Форин офис“.

AP_Brussels_Metro_Police_160323_KS_31x13_1600Кинеската амбасада во Брисел соопшти дека загинал кинески државјанин, кој беше именуван само со неговото презиме – Денг. Други детали не беа пријавени.Француското Министерство за надворешни работи потврди дека еден француски државјанин е убиен и 12 се повредени, од кои тројца се во многу тешка состојба.Бомбашите-самоубијци на Исламската држава во вторникот извршија напад врз бриселскиот аеродром и една метро станица.При нападите загинаа 31 лица и 270 беа повредени.

Слични содржини