Странците едногласно предупредуваат: Не застанувајте на патот на СЈО

од desk3

Меѓународната заедница, која посредуваше во постигнување на Договорот од Пржино, по опструкциите на кои наиде истрагата на СЈО во УБК, посочија дека Катица Јанева треба да ја има поддршката на сите институции при спроведувањето целосни и независни истраги.

eu-sad-ambasador

Гарантите на Договорот од Пржино во одделни реакции по вчерашните настани потсетуваат дека решавањето на политичката криза е клучно за враќањето на Македонија на евроатлантскиот пат, а за тоа да се случи, важно е да има правна и политичка одговорност за прислушувањето и за содржините што произлегуваат од него.

Европска комисија
Сите страни повеќепати се обврзаа да ја поддржат и да ја олеснат работата на Специјалното јавно обвинителство, без опструкции. Европската Унија силно ги охрабрува сите тела во земјата да дејствуваат во рамките на овие јасни обврски и со целосна почит за правната позиција на СЈО. Европската Унија ја нагласува важноста од правна и од политичка одговорност за прислушувањето и за содржините што произлегуваат од него.

Амбасада на САД
На СЈО мора да му биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага без одложувања или опструкции, а владините институции и политичките партии треба да соработуваат во овие процеси.

Делегација на ЕУ
Потсетуваме дека сите страни се обврзаа да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство.

Чарлс Гарет, амбасадор на Велија Британија
Специјалното јавно обвинителство беше договорено од страна на четворицата лидери на главните политички партии и едногласно поддржано од Собранието. Според тоа, никој не треба да ѝ застанува на патот на оваа важна работа бидејќи ако овие наводи не бидат соодветно истражени, не може да има одржлива разврска на политичката криза.

 

МЕТА

Слични содржини